ВИДЕО | Крајот на „Војна на Ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ бил сменет само за публиката

3 mins read

Серијалот, „Војна на Ѕвездите“ засекогаш ќе има привилегирано и култно место во филмскиот свет. Од нешто што почнало како „зафрканција“, додека Џорџ Лукас фантазирал за „Индијана Џонс“, се трансформирало во франшиза вредна билиони долари со очигледна ументичка вредност.

„Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ има статус на едно од најдобрите продолженија во филмската историја и филмот се смета за одговорен во преобразбата на репутацијата на оригиналниот филм. Со идејата дека хероите не победуваат секогаш, карактерот на „Војна на Ѕвездите“ стана многу посериозен.

Кон крајот на филмот, Лук Скајвокер губи цел екстремитет од Дарт Вејдер, а непријателот од Темната страна му соопштува шокантни вести за неговото потекло. Потоа, Леја му ја признава својата љубов на Хан Соло, непосредно пред тој да биде замрзнат во карбонат. Публиката и ликовите продолжуваат да добиваат еден удар по друг, но сепак има простор за надеж. Откако се соочија со катастрофални загуби,  хероите се прегрнуваат и гледаат во галаксијата додека музиката на Џон Вилијамс ја воспева надежта на иднината.

Крајот е култен, истакнувајќи ја способноста на серијалот, „Војна на Ѕвездите“ да ги балансира светлината и темнината низ приказната. Сепак, тоа не бил секогаш планот, според актерот Марк Хамил. Откако фановите прашаа дали последната сцена од прегрнувањето на Лук и Леја е „преснимена“, Хамил се огласи на „Твитер“.

Марк Хамил, Џорџ Лукас, Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON

„Снимен 4 месеци откако ја завршивме главната фотографија на „Империјата го возвраќа ударот“, сцената не беше „преснимена“, тоа беше дополнителна сцена“, одговори Хамил. Со оглед на загриженоста „за несреќниот крај и темелниот пораз на протагонистите“, Хамил вели дека последната сцена била вклучена како „возбудувачки момент на надеж и обновување за да ја уверат публиката“.

ВИДЕО | Предлог воени филмови: Нешто за плачење, нешто за надеж

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Додик ја праша германската министерка Бурбок: Како да се омекне Брисел за БиХ да добие статус на кандидат за ЕУ?

Следно

Периќ спортист на годината на град Битола, Е, Пелистер е најдобра екипа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian