ВИДЕО: Феникс санс прв обезбеди пласман во плеј-офот

2 mins read

Најдобриот тим во НБА лигата, Феникс санс со победата од 111:90 над најдобриот тим во Источната конференција, Мајами хит, обезбеди пласман во плеј-офот.

Феникс е тим со најдобар скор во НБА лигата со 53 победи и само 13 порази и има 15 победи повеќе од седмопласираниот тим во Западната конференција Минесота тимбервулфс (38-29) на 16 натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната.


Девин Букер со 23 поени, 8 скока и 9 асистенции беше предводник на Феникс, а се истакнаа   Микал Бриџис со 21 и Деандре Ејтон со 19 поени и 10 скокови. Кај Мајами кој остана лидер на Истокот со скор 44:23, Данкан Робинсон даде 22 поени, а Бам Адебајо и Тајлер Хироу постигнаа по 17 поени.

ЛА Лејкерс продолжува со очајните игри сезоната и со поразот од Хјустон рокетс од 138:130  по продолжението и дефинитивно ги загуби шансите да обезбеди директен пласман во плеј-офот. Лејкерси имаат скор 28:37 и се деветти во Западната конференција, додека шестиот Далас има 12 победи повеќе.


Лејкерси пласман во плеј-офот ќе мора да обезбедат преку плеј-ин турнирот и според актуелната состојба на табелата, доколку се пласираат во разигрувањето за титулата ќе налетаат на најдобриот тим во лигата, Феникс санс.

Џејлен Грин со 32 поени, Аперен Шенгун имаше 21 поен и 14 скокови и Кењон Мартин со 17 поени и 11 скокови беа најдобри кај Хјустон, додека кај Лејкерси се истакнаа Леброн Џејмс со трипл-дабл од 23 поени, 14 скокови и 12 асистенции и Расел Вестбрук со 30 поени.

Никола Јокиќ одигра одличен натпревар против Сакраменто кингс и покажа зошто и сезонава е главен фаворит за МВП признанието. Во победата на неговиот Денвер од 106:100, Јокиќ учествуваше со 38 поени, 18 скокови и 7 асистенции.


Џејсон Тејтум и Јанис Адетокумпо ги предводеа Бостон и Милвоки до нови победи. Бостон со 105:101 го совлада Шарлот, а Тејтум постигна 44 поени, додека Јанис Адетокумпо со 43 поени и 12 скока беше најзаслужен за триумфот на Милвоки над Атланта од 124:115.

Резултати:
Шарлот – Бостон 101:115
Детроит – Чикаго 108:114
Мајами – Феникс 90:111
Хјустон – ЛА Лејкерс 139:130
Милвоки – Атланта 124:115
Минесота – Оклахома сити 132:102
Њу Орлеанс – Орландо 102:108
Далас – Њујорк 77:107
Сан Антонио – Торонто 104:119
Сакраменто – Денвер 100:106
Јута – Портланд 123:85
ЛА Клиперс – Вашингтон 115:109

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меган Фокс се пошегува на сопствена сметка: Инспирирана од троседот на баба

Следно

Бочварски: Зголемена динамиката на реконструкција на локалните улици во општините

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian