ВИДЕО: Барселона разочара и не успеа да му даде гол на Галатасарај, убедлив пораз на Црвена звезда

1 min read

Фудбалерите на Барселона и на Галатасарај одиграа 0:0 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Европа.

Каталонците ги разочараа своите навивачи, не успеаја да го совладаа турскиот тим и да ја продолжат серијата од четири победи по ред во сите натпреварувања иако имаа одлична шанса преку Френки де Јонг ја погоди стативата. На спротивната страна, голот на Бафетимби Гомис беше поништен поради офсајд.

Екипата на Црвена звезда загуби со убедливи 3:0 на гостувањето кај Ренџерс иако постигна три гола. Сите три гола на „црвено-белите“ беа поништени поради офсајд, а згора на тоа Катаи го промаши ударот од белата точка.
Казната за промашувањата на српскиот тим дојде преку Таверние од пенал, Морелос и Балогун кој погоди за конечни 3:0.

Аталанта во одличен натпревар во Бергамо славеше со 3:2 против Баер Леверкузен.
Германскиот тим поведе во 11 минута преку Арангуиз, но домаќините за само две минути направија пресврт. Прво Малиновски во 23 минута го израмни резултатот, а Муриел во 25 минута погоди за 2:1. На стартот од вториот дел, Муриел погоди за 3:1, по што Баер до крајот на натпреварот успеа само да го ублажи поразот преку Диаби во 63 минута.

Брага на домашен терен го совлада Монако со 2:0. Португалците поведоа уште во третата минута преку Руиз, додека конечниот резултат го постави Витор Оливеира во 89 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Принцот Вилијам е обвинет за расизам по изјавата за војната во Украина

Следно

Шмигал: Украина се префрла на воена економија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian