Јунајтед сака да го искористи хаосот во Челси и да му го украде тренерот?!

2 mins read

Управата на Манчестер јунајтед од денеска има нов фаворит за менаџерската позиција за следната сезона, тоа е актуелниот стратег на Челси, Томас Тухел.

Во Челси е хаотична ситуацијата откако владата на Обединетото Кралство му ги замрзна целиот имот на Рома Абрамович поради што клубот не може да функционира нормално.

Челси ќе добие специјална дозвола за настап во Премиер лигата, но поради санкциите на Абрамович, нема да може да купува и продава играчи, а тоа значи дека фудбалерите на кои им истекува договорот на крајот од сезоната ќе можат да си заминат од „Стемфорд бриџ“, а можно е да бидат продадени одредени фудбалери за да се соберат пари за функционирање на клубот.

Тој момент наводно сака да го искористи Манчестер јунајтед и конечно да клупата да донесе елитен менаџер во Томас Тухел. Германецот минатата сезона со Челси триумфира во Лигата на шампионите и сигурно е дека би бил идеално решение за клупата на „црвените ѓаволи“ кои оваа сезона играат очајно иако го сменија Оле Гунар Солскјер и на негово место го донесоа Ралф Рангник.

Весниците „Телеграф“ и „Мирор“ пишуваат дека Јунајтед сè уште нема потпишано договор со ниту еден менаџер за следната сезона, а како можни решенија се споменуваат Ерик тен Хаг од Ајакс и Маурисио Покетино кој се наоѓа пред отказ во ПСЖ, но доколку постои можност да се дојде до потписот со Тухел, тогаш Германецот е главен фаворит да ја води екипата од следната сезона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Омар Џафероски испадна од „Ѕвездите на Гранд“: Не застануваме тука…

Следно

Во Софија се сретна македонско-бугарската работна група за евроинтеграции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian