Туск за инвазијата на Русија: Секоја отстапка ќе биде искористена против нас

1 min read

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск се изјасни против каква било форма на отстапки кон Русија во обидот да се запре нејзиниот напад врз Украина.

-Секоја наша слабост, секоја наша отстапка ќе биде искористена против нас, рече Туск. – Колку се построги санкциите, толку е поголема нашата солидарност со Украина, толку е поголема шансата да се избегне најлошото сценарио, а тоа е војна на наша територија.

Говорејќи пред средбата на лидерите на земјите од ЕУ, претседателот на Европската народна партија рече дека европското „помирување“ со Русија во изминатата деценија е „можеби најголемата геополитичка грешка“. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Собранието утре ќе расправа за владините антикризни мерки

Следно

Курти: Косово има најскап зејтин во светот, цената е вештачки надуена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian