Принцот Вилијам и Кејт: Децата веќе прашуваат за војната во Украина, вимателно ги избираме зборовите

1 min read

За време на вчерашната посета на украинскиот културен центар во Лондон, војводата и војвотката од Кембриџ се сретнаа и со волонтери, а принцот Вилијам откри дека нивните деца веќе поставуваат прашања за руската инвазија.

Војводата и војвотката од Кембриџ открија дека принцот Џорџ и принцезата Шарлот почнале да им поставуваат прашања за војната во Украина. Принц Вилијам и Кејт Мидлтон разговараа за тоа за време на посетата на Украинскиот културен центар во Лондон, каде што се сретнаа со волонтери кои спремаат камиони со хуманитарна помош.

За да покажат солидарност со Украинците, војводата и војвотката од Кембриџ носеа бои во знакот на украинското знаме, а Кејт носеше и специјален беџ. Тие донираа кутии полни со чоколадни колачи и граноли, рачно изработени во палатата Кенсингтон.

Во разговор со волонтерите, Вилијам откри дека нивните постари деца, осумгодишниот Џорџ и шестгодишната Шарлот, веќе имаат многу прашања за трагедијата што ја снајде Украина.

„Тие дојдоа дома и почнаа да поставуваат прашања. Очигледно, тие веќе разговарале за тоа со пријателите во училиште“, призна Вилијам, додавајќи дека му било доста тешко да разговара со децата за такви работи. „Мора внимателно да ги избираме зборовите за да објасниме што се случува“, истакнал тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Состојбата во Мариупол е катастрофална, луѓето се напаѓаат меѓусебно за храна“

Следно

ВИДЕО: Навивачи на Вест Хем и на Ајнтрахт се испотепаа во Севиља!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian