Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, му одговори на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој синоќа се закани дека Белград ќе биде бомбардиран ако на Косово и Метохија стапне макар и еден српски војник, како последица од конфликтот во Украина, пренесуваат српските медиуми.
-Во време кога целиот свет се соочува со невидена криза, политичарите од Приштина продолжуваат да упатуваат закани. Додека Харадинај, Курти и остатокот од Приштина се закануваат со бомбардирање, Белград ќе ги зачува мирот и стабилноста – напиша Петковиќ на Твитер.
У моменту када се цео свет суочава са незапамћеном кризом, албански политичари настављају са претњама.
Док се Харадинају, Kуртију и осталима Приштини причињавају бомбардери, Београд ће да чува мир и стабилност.
1/2 👇— Петар Петковић (@PetkovicPetar) March 10, 2022
Тој, исто така, побара од Приштина да не се заканува со конфликти, туку да видат како ќе го решат недостигот на нафта, брашно и основни прехранбени производи во албанските заедници.
Харадинај: Ако еден српски војник стапне во Косово, Белград ќе биде бомбардиран