Османи: Не ја познавам Ејупи и не ми е јасно зошто се крена толкава хистерија, бидејќи е млада, бидејќи е Албанка?

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Макфакс изјави дека не му е познато името на Бесмира Ејупи и дека никогаш нема запознаено човек со тоа име и презиме.

„Ова го сметам повеќе како шпекулација и врз основи на разговори во Влада, иако никогаш немало одобрена одлука за тоа прашање во Влада. Јас не ја познавам, не сум ја сретнал во животот. И да постоело, зошто е реакцијата? Затоа што е жена, затоа што е млада, затоа што е Албанка? Таа госпоѓа јас не ја знам и немало одлука. Сега повеќе го коментирам ефектот на оваа дебата во јавноста кој се создаде и создаде недобар вкус, рече Османи.

Како што вели Османи, ние не можеме да ги отфрлиме младите. Додава дека Македонија имала премиер на тие години, а самиот тој бил министер за здравство на 28 години.

„Таа беше чудна дебата, беше затворена седницата, но немаше таква одлука. Сепак дебатата беше чудна и треба да се анализира од каде таа хистерија. Јас освен на телевизија таа госпоѓа не сум ја видел

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Челси ќе добие специјална лиценца, но нема да смее да купува и продава фудбалери

Следно

Стефковски: Ја реконструираме училишната сала во Железара

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian