Објавени цените на влезниците за Евровизија: Aко сакате да одите, треба да го одврзете ќесето

1 min read

Изборот за песна на Евровизија оваа година е закажан за 10, 12 и 14 мај во Торино, Италија, а сега организаторите ги објавија и цените на билетите за сите три вечери.

Најевтиниот билет во полуфиналните вечери ќе чини 384 евра, додека оној за финалето ќе чини меѓу 610 и 699 евра, во зависност од тоа колку сте блиску до сцената, според официјалната веб-страница на Евросонгот.

Објавена е и статистика за тоа колку просечно чинеле билетите низ годините. Во 2020 година, Изборот за песна на Евровизија не се ни одржа поради пандемијата на коронавирусот.

Најскапиот билест беше во 2019 година, кога домаќин беше градот Тел Авив во Израел и Виена во 2015 година. Во Израел чинеше помеѓу 183 и 415 евра.

Андреа Коевска оваа година ќе ја претставува нашата земја на Евровизија во Торино, Италија. Инаку, 22-годишната Андреа пред два дена во живо ја испеа евровизиската песна „Circles“ во Букурешт, Романија, а на својот инстаграм-профил сподели дел од атмосферата таму.

Нашата претставничка беше дел од манифестацијата „Seletia Nationala“ на која Романија го избираше својот претставник.

ВИДЕО | Андреа за евровизиската песна: Музиката ми помогна да го надминам лошиот период од животот

ФОТО | Aндреа оди на Евровизија 2022 во Торино: Ќе правиме победничко интервју!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петковиќ му одговори на Харадинај: Додека Приштина се заканува, Белград ќе ги чува мирот и стабилноста

Следно

Севиља за натпреварот со Вест Хем продава билети за неверојатни 10.000 евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian