Министерот Сали посети Украинка која се породи во болницата во Чаир

1 min read

Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска ја посетил Украинката Оксана, која се породила во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” во Чаир.

– Убави вести ни доаѓаат од Гинекологија во Чаир, Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3,8 кг и долго 54 см. Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце. Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува. И посакав добро здравје и многу среќни моменти, напиша Сали.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Периќ спортист на годината на град Битола, Е, Пелистер е најдобра екипа

Следно

51-годишен скопјанец нападнат во Гази Баба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian