„Кралот“ Бензема е најдобар напаѓач на светот

1 min read

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, не штедеше зборови на сметка на Карим Бензема кој со хет-трикот го однесе „кралскиот клуб“ во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид вчера со 3:1 го совлада ПСЖ и ја анулира негативата од еден гол од првиот осминафинален натпревар, а сите три гола беа дело на францускиот репрезентативец.
Куртоа изјави дека Бензема е најдобриот напаѓач на светот и е подобар дури од Роберт Левандовски.

– Карим Бензема е најдобриот напаѓач на светот, тој е најдобрата „деветка“ во фудбалот. Левандовски исто така даде хет-трик, но два гола беа од пенал. Бензема против ПСЖ покажа кој е најдобар и исто така покажа зошто мораше да биде подоброрангиран во трката за Златната топка – изјави Куртоа.

ВИДЕО: „Кралска“ вечер во Мадрид, Бензема со хет-трик го нокаутираше ПСЖ

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Нов шпионски трилер „Argylle“ кој ветува: Дуа Липа и Хенри Кавил во главни улоги

Следно

Во круг на студентски дом уапсен 41-годишен крадец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian