Град Скопје ќе финансира реконструкција на улица во Кисела Вода

1 min read

Советот на Град Скопје на  денешната седница  расправаше и  донесе одлука Град Скопје  да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата Славка Динкова, општина Кисела Вода. 

Проектот  ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода.

Со овој проект се предвидува изградба на атмосферска канализација, целосна реконструкција на коловозот и пешачките патеки, како и поставување на ново улично осветлување. 

Улицата Славка Динкова е една од најголемите улици во населба Драчево и истата претставува конектор – сообраќајница која ги поврзува поголемите собирни улици во Драчево со магистралната улица „Јустинијан Први“.

Проценетата вредност на овој проект изнесува 50.500.000 денари и средствата ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, додека Општина Кисела Вода ќе учествува во проектот со изработка на техничка документација и решавање на евентуалните имотно правни односи.
 

skopjeinfo.mk

Претходно

Баербок: Време е да се реализираат пристапните преговори на РС Македонија и Албанија за влез во ЕУ

Следно

Украинските бегалци продолжуваат да преминуваат во Романија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian