Граѓани бараат укинување на ДУП-от за Градска четврт СЗ 19 во Влае

2 mins read

Укинување на Предлогот Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 19 и негово враќање на ревизија бараат жителите на Влае кои предупредуваат дека доколку овој план се усвои од страна на Општина Карпош ќе значи бришење на единствените спортски и зелени површини во овој дел од градот што ќе резултира со сериозно деградирање на квалитетот на живот, на сметка на згради и паркиралишта, односно објекти кои се во служба на нечии комерцијални интереси.

Организирани преку инцијативата „Борба за Влае“, граѓаните повикуваат на реакција преку законското право на поднесување забелешки на ДУП-от преку анкетен лист кој треба да се пополни и достави до општината, најдоцна до 25 март. Во меѓувреме, овој петок, на 11-ти март во 14 часот, во просториите на УЗ Влае 2 ќе се одржи јавна презентација на планот каде граѓаните ќе можат да видат какви последици би имал планот врз нивната околина и да реагираат против неговото донесување.

„Овој простор покрај Вардар е ретко место каде може да се одмориме од секојдневието и автомобилите. Бараме објектот за спорт да се избрише и да останат отворени терени, повторно за спорт, но од отворен тип, како и да се образложи потребата од објектот за здравствена и социјална заштита на местото на тревникот. Бидејќи сметаме дека на Влае не му фали повеќе бетон ни згради на местото на зеленилото сакаме да го спречиме овој ДУП од донесување“ велат од иницијативата.

Општината не смее да донесува одлуки без да ги консултира жителите на Влае, особено онакви одлуки кои ќе имаат долгорочни последици врз квалитетот на живот и на идните генерации. Од иницијативата велат дека сега е времето да се реагира, пред да се услови овој штетен ДУП и ги повикуваат сите граѓани на активно учество во креирањето на нивната непосредна средина. 

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Шубара: Интервенцијата при грабежот на Уни банка траеше 1 минута – НИКОБ е секогаш спремен

Следно

Британски војници заминале во Украина и покрај наредбата да не одат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian