Гасот е поголем проблем за Европа отколку нафтата

1 min read

Учесниците на Конференцијата „КЕРАВик“ (CERAWeek) во Хјустон истакнаа дека ескалацијата на енергетската криза може да предизвика поголеми проблеми на европскиот пазар за гас, поради зависноста на континентот од Русија, отколку увозот на нафта.

Цените на гасот на европските пазари бележат раст уште од минатата година, поттикнати од бранот на побарувачка предизвикан од обнова на економиите од пандемиската криза, посебно во Азија, и ниските резерви во некои европски земји.

Русија има најголеми резерви на природен гас во светот и испорачувала околу 651,3 милиони кубни метри гас дневно, од кои речиси 90 отсто во Европа. Половина од европските достави се за Германија, Италија, Франција и Белорусија.

Минатата година руските компании дополнително ја влошија ситуацијата на европскиот пазар со намалени испораки во очекување на дозвола за гасоводот Северен поток 2, кој требаше да ја удвои испораката на руски гас во Германија.

По руската инвазија врз Украина кон крајот на февруари, Берлин го стопираше проектот, а ЕУ објави дека сака да биде независна од рускиот гас до 2030 година. Европските земји сега се обидуваат да набавуваат течен природен гас првенствено од САД, Алжир и Катар.

kurir.mk

Претходно

Овие четири скопјанки со години го разубавуваат градот – Да ги почитуваме!

Следно

Петковиќ му одговори на Харадинај: Додека Приштина се заканува, Белград ќе ги чува мирот и стабилноста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian