ФОТО | Ги споредил датумите на почетокот на светските војни и руската инвазија: Чудна формула!

1 min read

Претприемачот Патрик Бет-Дејвид по потекло од Иран, забележал страшна и необична сличност помеѓу датумот на почеток на Првата светска војна, Втората светска војна и почетокот на руската инвазија на Украина.

Патрик на својот твитер-профил напиша дека за него „сето ова е само една математичка формула“, која на крајот се обиде да ја разјасни.

Тој се осврна на 28 јули 1914 година, датумот кога Австро-Унгарија ѝ објавила војна на Србија, со што всушност започнала Првата светска војна. Со собирање на 7, 28, 19 и 14 резултатот бил 68. Потоа го запишал датумот на почетокот на Втората светска војна, 1 септември 1939 година и повторно со собирање дошол до бројот 68.

Конечно, тој се осврна и на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари 2022 година. Исто така, со собирање на
броевите 2 (се однесува на вториот месец), 24, 20 и 22 тој го добил збирот од 68.

Неговото необично откритие заинтригира многу твитерџии

„Бројот 68 се користи еднаш во Библијата. Зборовите царство и битка се користат 68 пати во Библијата“, одговори едно лице на неговата објавата.

„Светот се одвива во математички модели. Ја гледам поентата во тоа што го споделивте“, „Значи ли тоа нешто? Веројатно не.
Но сепак е интересно“, напишаа други.

Неговата објава

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски утре ќе се обрати пред германскиот Бундесрат

Следно

Ин Мемориам: Почина Марио Ѓурчиновски

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian