ФОТО | Емили Ратајковски му го честиташе роденденот на синчето како од мајка родена

1 min read

Познатата манекенка, глумица, но и авторка на книги, Емили Ратајковски објави малку послободни фотографии на својот инстаграм -профил, но имаше и повод за тоа.

Таа позира на фотографиите во неколку различни пози, со трудничкото стомаче и е целосно гола. Фотографиите се направени со цел да се потсетиме на женственоста и женското тело, но не само тоа. Таа на овој начин му го честиташе првиот роденден на својот син.

Убавицата сподели фотографии од бременоста, каде лежи во када, на розова фотелја, под туш, секаде каде кадарот ја отсликува нејзината женственост.

Емили Ратајковски/Инстаграм
Емили Ратајковски/Инстаграм

Таа пред една година стана мајка на малиот Силвестер Аполо, кој го доби со сопругот Себастијан Беар-Мек Клард.

Мошне интересен начин да се честита роденден на сопственото дете.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски: Русите сакаат Украинците на колена да молат за леб и вода

Следно

Се огласи Челси: Бараме разговор со Владата 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian