Додик ја праша германската министерка Бурбок: Како да се омекне Брисел за БиХ да добие статус на кандидат за ЕУ?

1 min read

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик по средбата со германската министерка Аналена Бербок изјави дека побарал омекнување на ставот на бриселската администрација и добивање кандидатски статус за БиХ.

„Моето прашање беше дали има подготвеност бриселската администрација да омекне за време на конфликтот во Украина за БиХ да добие статус на кандидат“, рече Додик.

Тој изјави дека на германската министерка и „објаснил“ дека во БиХ нема сецесионистички намери.

Тој рече дека е направен вистински политички и медиумски спин ситуацијата во БиХ да се направи нестабилна, што, според него, не е точно.

„Треба да се подржат безбедносните оценки на ЕУФОР повеќе одошто некоја погрешна политичка пропаганда што доаѓа главно од Сараево“, рече Додик.

Тој рече дека иднината на Европа не може да се гради на распаѓање на некои земји и истакна дека мислел на БиХ и позицијата на РС во неа.

„Имаме некаков договор да изградиме целосно неутрална правна анализа за состојбата на БиХ и за она што е направено под покровителство на Германија и понатаму да разговараме врз основа на тоа“, рече Додик.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кличко: Половина од населението на Киев побегна од почетокот на руската инвазија

Следно

ВИДЕО | Крајот на „Војна на Ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ бил сменет само за публиката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian