Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Според советот на Павле, царскиот советник и сенатор Тарасиј беше избран за патријарх, во 783 година. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во православната вера. Овој чин го прими неволно, но во име на победата на Православието над ересите, особено над иконоборството. Под него беше свикан Седмиот Вселенски Собор во Никеја, во 787 година, каде што ереста беше осудена, а се врати и се утврди почитувањето на Светите икони. Тарасиј беше многу милостив кон сиромашните и кон бедните, им правеше засолништа и им даваше храна. Но, кон силните беше одлучен во одбрана на верата и моралот. Кога царот Константин ја избрка својата законска жена, Марија, и зеде некоја своја роднина, па живееше со неа барајќи од патријархот благослов да се венча, Свети Тарасиј не само што не му даде благослов туку најпрво го посоветува, потоа го разобличи и најпосле го одлачи од Причест. Пред смртта го видоа како им одговара на демоните: „Не сум виновен за тој грев! Не сум виновен ни за тој грев!…“ Така се дури не му изнемоште јазикот, па почна да се брани со рацете и да ги изгонува демоните. Кога издивна, лицето му заблеска како во сончева светлина. Овој вистински јерарх се упокои во 806 година. Со Црквата управуваше дваесет и две години и четири месеци.
Latest from Blog
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва побара да се заклучат вратите од собраниската сала, за службите
Македонската одбојкарска сениорска репрезентација предводена од селекторот Ратко Павличевиќ имаше успешен старт во Европската сребрена лига
Скопје Инфо пред малку објави дека вечерва во близина на општината Ѓорче Петров се случи сообраќајна
Бројни експерти од британската монархија во минатото проговорија за тоа колку е тешко да се работи
Во јуни македонската А репрезентација ќе ги има првите настапи од новото издание во УЕФА Лигата