ЦИА: Кинескиот лидер бил „вознемирен“ од бруталноста на руската инвазија во Украина

1 min read

Бруталноста на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина го „вознемирила“ кинескиот претседател Си Џинпинг и предизвикала пукнатини во односите меѓу Русија и Кина, изјави денеска на сослушување во Конгресот Вилијам Бернс, директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Со ова се поткопуваат заедничките напори на двете сили за поголемо влијаниа на меѓународното поле, сметаат американските разузнавачи.

Наспроти огромните кинески инвестиции и партнерство со Русија негувано во изминатите години, „кинеското лидерство, посебно претседателот Си Џинпинг, е вознемирен од тоа што го гледа“ во Европа, изјави Бернс во Конгресот.

Руската инвазија на Украина е со таква магнитуда на уништување невидена на стариот континент уште од времето на Втората светска војна.

-Неговото разузнавање најверојатно не му кажало што ќе се случи. Штетата по имиџот и репутацијата на Кина е голема поради поврзаноста со грдотиите на руската агресија во Украина, кажа директорот на ЦИА.

Бернс денеска имаше распит пред Комитетот за разузнавање при американскиот Сенат. Ова е прва проценка за тоа што и како Кина знаела во пресрет на рускиот воен напад на Украина.

Набљудувачите сметаат дека ова сигнализира тензии меѓу Москва и кинескиот финансиски центар Пекинг, за кого Путин се надеваше дека ќе помогне на Русија во пресрет на очекуваните економски санкции од Западот.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

На Петровска ѝ се допаднал гестот на британските домаќини: „Јовано, Јованке“ ми е омилена песна

Следно

ФОТО: Птичјиот грип ги сотре пеликаните во Мала Преспа, има преку 500 мртви птици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian