Кошаркарите на Црвена звезда направија нов исчекор напред во битката за освојување на едно од првите осум места на табелата во Евролигата откако во Белград го совладаа Макаби Тел Авив.
Црвена звезда во арената „Александар Николиќ“ славеше со 84:77 и сега има скор од 11 победи и 12 порази за седмо место на табелата.
Никола Калиниќ со 15 поени, Бејт Волтерс со 12 Остин Холинс со 11 поени беа најдобри во редовите на Црвена звезда, додека кај Макаби најрасположен за игра беше Џејмс Нанели со 24 постигнати поени.