Бербок од Сараево: Западен Балкан има европска иднина

1 min read

Европска иднина за земјите од Западен Балкан е германскиот главен приоритет, како и за мене лично, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, по средбата со нејзината колешка Бисера Турковиќ во Сараево.

Демократски и фер избори се важни за секоја земја, нагласила Бербок, па сака интегритетот на Босна и Херцеговина да биде засилен.

– Важно е изборите да се одржат според планираниот термин во октомври, смета Бербок.

Таа никогаш не мислела дека ќе го започне ова патување, во време кога „нашата сигурност е егзистенцијална”.

– Европа е соочена со катастрофа од војната… Верувам дека многумина, кога гледаат фотографии од Киев и Мариупол, се сеќаваат на оние од деведесеттите, тие силно ја обележаа и мојата генерација, истакна министерката.

Според неа, слободата и мирот се единствен пат, а Европа е дом што треба тоа да го обезбеди.

– Наша историска одговорност е да обезбедиме мир, појасни таа во Сараево.

Бербок истакна и дека Германија за првпат воведе специјален пратеник за земјите од Западен Балкан.

– Многу сум среќна што токму Мануел Саразин стана специјален пратеник, тој, веројатно, тука е попознат од мене. Неговото именување е само почеток на она што го планираме. Се прашуваат зошто посета на Балканот за време на војна во Украина, јас баш велам, токму сега, подвлече таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борел: Ако завојуваме со Русија ќе почне трета светска војна

Следно

Меган Фокс се пошегува на сопствена сметка: Инспирирана од троседот на баба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian