Баербок во посета на Сараево и Приштина: Не дозволуваме Западен Балкан да биде под руско влијание

2 mins read

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска ќе допатува во посета на Сараево и Приштина.

Бербок во Сараево ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ. По тој состанок е закажана заедничка прес-конференција. Посетата на Сараево таа ќе ја заврши со разговори со високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит. Потоа ќе отпатува во Приштина, каде што е предвидена средба со косовската претседателка Вјоса Османи.

Германската мионистерка ќе се сретне и со премиерот на Косово, Албин Курти, по што ќе одржи заедничка прес-конференција. На крајот од посетата на Приштина, Бербок ќе оствари средба со претставници на КФОР и германски војници од таа мировна мисија.

Бербок на вториот ден од посетата на Западен Балкан ќе го посети Белград, а потоа ќе отпатува за Молдавија.

Бербок: Нема да го препуштиме Западен Балкан на влијанието на Русија

„Мораме отворено да кажеме дека во последните години разочаравме и запоставивме многу од тие земји. Актерите како Русија притискаат на оваа отворена страна, кои немаат интерес за европската иднина и не се двоумат повторно да ги разгорат нерешените конфликти. Сега патувам првенствено во Западен Балкан за да слушнам што луѓето таму очекуваат од нас сега, но и да им објаснам дека нема да го оставиме тој регион во срцето на Европа на влијанието на Москва”; рече Бурбок.

Таа посочи дека Европа во последните денови покажа дека е ефикасна и решена да се спротивстави на агресивните постапки на рускиот претседател. Сега, смета таа, неопходно е Европа да покаже дека е подготвена со истата енергија да се вклучи на креативен и ориентиран кон иднината во земјите од европското соседство. „Луѓето во регионот ќе не мерат по тоа дали нашите зборови се проследени со дела. Германија има суштински интерес за политички стабилен и економски просперитетен Западен Балкан, чии земји се ориентирани кон Европа. За тоа ќе се залагаме и на претстојните политички разговори, како и во стратешките инвестиции, пред се во обновливите извори на енергија”.

Бербок вели дека сака да се соочи со германскиот приоритет, а тоа е Западен Балкан. Затоа германската влада создаде нова функција на специјален пратеник за Западен Балкан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австралија ќе потроши 38 милијарди австралиски долари до 2040 година за одбрана

Следно

Дневен хороскоп за 10 март: Денес ќе им бидете потребни на блиските

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian