Зошто се игнорира БК „Олимпија Штип“: Нисева наместо за Македонија, реди успеси во Бугарија!

5 mins read

Од боречкиот клуб „Олимпија Штип“ ја информираа јавноста дека македонската талентирана борачка Андреа Нисева имаше шампионски настап на Државното лично првенство на борачките до 15 години во Стара Загора, Бугарија.

Нисева во силна конкуренција во најбројната и најквалитетна категорија од првенството, категорија до 46 килограми во која учество зедоа 15 борачки, го освои првото место по четири исцрпувачки борби, шампион на Бугарија до У-15.

Да се напомене дека Нисева на овој настан учествуваше под борачкиот клуб Асеновград од Бугарија. И покрај сите напори од БК Олимпија да им овозможи на своите борачи да се натпреваруваат во Македонија, вчудоневидени се од игнорантскиот однос на федерацијата да му дозволи на клубот да учествува во системот на натпревари.

Па така, од БК Олимпија беа принудени 10 свои борачи да ги регистрира во Бугарија каде ќе се натпреваруваат во далеку поквалитетен систем на борење.

Фото: БК Олимпија

Иако и е прва година, Нисева се натпреваруваше со повозрасни девојки кои веќе имаат искуство, како на пример Олга Попова, трета во Европа во 2021 година. Во првата борба Нисева ги одмери силите со Наталија Бојаџиева од В. Трново во која извојува победа со 4:0, втората борба ја имаше против борачката Александра Николова исто така од В. Трново со резултат 10-0. Во третата борба ја совлада Олга Попова од Руен со резултат 4-3 инаку исто така натурализирана со потекло од Молдавија исклучително квалитетна борачка која беше буквално без пораз до оваа борба. И покрај водството на Молдавката од три поени Андреа собра сили да освои четири поени. Во финалето против Ивета Иванова од Средец со украинско потекло со резултат 5-2 во средба полна со неизвесности и водството на Ивета во првата рунда со 1-0 Андреа во втората рунда освои пет поени и успеа да ја заврши борбата со позитивен резултат за неа.

Боречкиот клуб „Олимпија Штип“ апелира до Агенцијата за млади и спорт (АМС) да го стават клубот како активен субјект во календарот за натпревари.

– Заради долго времетраење на правниот спор помеѓу БК Олимпија и БФРСМ бараме од Ваша страна како субјект одговорен за непречено и успешно одвивање на спортот во РСМ, им се овозможни на нашите борачи до завршување на гореспоменатиот спор учествуваат во календарот на натпревари за тековната 2022 година под знакот на БФРСМ. Со надеж за позитивен одговор, а сè во интерес на Спортот во нашата држава – пишува во официјалното барање до АМС.

Фото: БК Олимпија

БК „Олимпија Штип“ и натаму чека одговор од Агенцијата за млади и спорт.

– Одговор сè уште чекаме од Агенцијата за млади и спорт, а сите знаеме дека децата имаат право да настапуваат под самата федерација, доколку има проблем со клубот и треба да се натпреваруваат под својата држава. Одземено се дискриминираат 20 деца, оваа година го загубија правото на настап, а со тоа е и одземено правото да изборат место во самата репрезентација.

Ни останува уште да најавиме протест, најпрво во нашиот град, а подоцна и пред Агенцијата за млади и спорт, бидејќи најголем дел од средствата која ја финансира боречката федерација е токму Агенцијата.

Дали ни преостанува децата да ги праќаме по другите држава да претставуваат други држави? А ние сме сигурни дека имаме квалитетни деца кои ќе донесат медали од Европско првенство, но некои немаат интерес за тоа.

Бидејќи БК „Олимпија“ е суспендирана по желба на федерацијата, ние одлучивме децата да ги дадеме под друг клуб и на крај изговор дека нема комплетни документи, зошто не нè известија и не ѝ овозможија да се натпреварува без клубот и не ѝ изготвија легитимација да се натпреварува под самата држава или без клуб. Замислете, птица без крилја и пуштете ја да лета, ете тоа се моментално нашите деца.

Ние знаеме и сме сигурни дека документите кои лично со децата и другиот клуб од Скопје ги дадовме во преоден рок, кој тие го поставија согласност од родител кој дозволува детето да премине од еден во друг клуб – ни изјавија од БК Олимпија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Сите се сеќавате на неа: Љубовна балада стана неофицијална химна за поддршка на Украина

Следно

„Слободен печат“: Колку е изложена македонската економија на санкциите?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian