Во руски напад е погодена детска болница во Мариупол, тврдат украинските власти (ВИДЕО)

1 min read

Русија уништи детска болница во опколениот пристаништен град Мариупол во југоисточниот дел на Украина, соопшти градскиот совет.

Во соопштението објавено на Фејсбук, властите велат дека „руските окупаторски сили фрлија неколку бомби врз детската болница. Уништувањето е огромно“.

Претставниците на Советот додадоа дека сѐ уште не го знаат точниот број на жртвите.

– Породилното одделение во центарот на градот, детското одделение и терапевтското одделение во болницата – сите се уништени во руски воздушен напад врз Мариупол, рече во фејсбук-видео началникот на регионалната воена администрација, Павло Кириленко.

Тој додаде дека ранетите во нападот се евакуирани во најблиската болница.

kurir.mk

Претходно

Ограбени две повозрасни жени

Следно

Ни доаѓаат 2 моќни затемнувања: Тоа ќе влијае на сите хороскопски знаци, еве кои денови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian