ВИДЕО | Сите се сеќавате на неа: Љубовна балада стана неофицијална химна за поддршка на Украина

2 mins read

Откако почна руската инвазија на Украина, украинскиот народ добива голема поддршка од луѓето ширум светот. Едниот начин на којшто луѓето го искажуваат своето сочувство е со објави на социјалните мрежи или на платформите како што е Тик-ток.

Песната „Another Love“ на британскиот пејач Том Одел, која беше голем хит во целиот свет пред една деценија, сосема случајно стана неофицијална химна за поддршка на украинскиот народ.

Оваа љубовна балада, чија тема нема врска ниту со Украина, ниту со војна, е најчест избор на корисниците на платформата Тик-ток кога објавуваат видеа за Украина. Но, исто така, и самите Украинци ја користат кога сакаат да се присетат на времињата кога животот во нивната татковина беше мирен.

„Сакам да те одведам некаде за да знаеш дека се грижам, но толку е ладно и не знам каде“, се почетните стихови на песната.

И самиот Том Одел вели дека е почестен што неговата песна се користи во видеата.

„Да живее Украина. Наскоро ќе дојдам и заедно ќе ја испееме оваа песна“, пишува пејачот на Ток-ток.

@tompeterodell #duet with @alina__volik ♬ Another love – .

Во продолжение, погледнете дел од видеата кои се објавуваат на Тик-ток.

@fitnessyakeven #🇺🇦 #ukraine #🇺🇦🇺🇦🇺🇦💙💛 #🇺🇦🇺🇦🇺🇦 ♬ Another Love – Tom Odell
@wswukraine #ukraine #stopwar #westandwithukraine #makepeace #istandwithukraine #fypシ #foryou #anotherlove ♬ Another love – .
@wanderiehippie a city filled with life 💛💙 #ukraine ♬ Another Love – Tom Odell
@viktoriiakor My home …Ukraine 🇺🇦 #ukraine #myhome #ukraine🇺🇦 #fyp ♬ Another Love – Tom Odell

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина човекот на кого му беше трансплатирано срце од свиња

Следно

Зошто се игнорира БК „Олимпија Штип“: Нисева наместо за Македонија, реди успеси во Бугарија!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian