Е. Пелистер ја оствари целта, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со 30:19 го совлада АЕК од Грција за пласман во осминафиналето на Лига Европа.
Ова беше втора победа во меѓусебните пресметки на Е. Пелистер над овој ривал сезонава и битолчани како второпласирани во групата патуваат во следната фаза во Европската лига на ЕХФ.
Следен ривал на играчите на тренерот Жељко Бабиќ е хрватскиот претставник Нексе.
Значаен придонес во триумфот на Е. Пелистер против АЕК имаше унгарскиот голман Мартон Секељи со неговите одлични одбрани, вкупно 15. А една од нив се најде на првото место во изборот на ЕХФ.
Најдобрите пет одбрани на 10 рунда можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА