ВИДЕО | Руслана го предизвика Илон Маск: Стани наш спасител!

1 min read

Украинската пејачка Руслана Лизичко му упати порака на Илон Маск да ја спаси Украина и светот со својата технологија.

„Те предизвикувам, Илон! Ајде да ја искористиме твојата технологија за Марс овде на Земјата за да ја спасиме Украина и светот! Стани наш спасител“, му порача Руслана на американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Тесла“, со видео во кое стои пред украинското знаме.

Судејќи по коментарите, нејзините следбеници ја поддржаа.

„Добро би било навистина да се случи такво нешто“, „Напишете го ова на Твитер и означете го, веројатно ќе види“, „Сите за Украина“, беа дел од коментарите, додека другите ја изразија својата поддршка преку емотикони од срца во боите на украинското знаме.

Пејачката моментално се наоѓа на Карпатите, каде организира волонтерска работа, а на својот инстаграм-профил редовно објавува видеа за војната во Украина. Таа неодамна објави драматична порака во која вели дека Путин е многу опасен за сите луѓе во светот.

„Ние Украинците никогаш нема да се откажеме. Сите сме во опасност, не само Украинците. Дали знаете што значи тоа? Не разбирам зошто нè напаѓаат руската и белоруската армија? Мора да разберете дека Путин е многу опасен терорист за сите луѓе во светот. Реагирајте пред да биде предоцна. Дали сакате Чернобил 2?“, напиша таа тогаш.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово формира работна група за што побрзо зачленување во НАТО

Следно

Поранешниот репрезентативец Мајнов нов извршен директор на РК Бутел Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian