ВИДЕО | Нанев: Дигитализирани, онлајн и хибридни судења, ќе ги вадат судиите од зимски сон

1 min read

Дигитализирани, онлајн и хибридни судења, ќе ги вадат судиите од зимски сон а ќе им ја разбуричкаат комоцијатата на адвокатите.

-Со поддршка на мисијата во ОБСЕ кавадаречкиот суд е една од првите пилот судници кои се опремени со најнова аудиовизуелна опрема. Опрема која што ќе значи целосно имплементирање на одредбите од Законот за кривична постапка, а тоа е аудиов-визуелно снимање на главните расправи, изјави за Утрински брифинг Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци.

-Состојбата со ковидот, затворањето на државните органи, институции, затворањето на правосудните органи итн.. беше еден предизвик како во такви сериозни и тешки услови да продлжи да функционира правосудниот систем. Анализирајќи ги сите аспекти, пред се законските можности, човечките ресурси и опрема и во консултација со научната фела во нашата држава, размислувавме што во дадената ситуација да направиме, вели судијата Нанев.

-Со набавувањето на соодветната опрема од страна на амбасадата на САД, мисијата на ОБСЕ, дилемата се постави кај неколку клучни прашања – како ќе се презентираат и изведуваат доказите, но особено важно беше утврдувањето на дигиталниот идентитет на странките во постапката, вели Нанев.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако имате проблеми со срцето, не треба да спиете на оваа страна

Следно

Њујорк тајмс ги повлече дописниците од Русија за првпат по повеќе од еден век

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian