ВИДЕО: „Кралска“ вечер во Мадрид, Бензема со хет-трик го нокаутираше ПСЖ

1 min read

На реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ составот на Реал Мадрид со 3:1 го совлада ПСЖ.

Париските „светци“ после првата средба во Франција имаше минимална предност од 1:0.

Одлично започна овој меч за составот од Париз, после првото полувреме водеа со голот на Мбапе од 39 минута после асистенцијата на Нејмар.

„Кралевите“ направија целосен пресврт во вториот дел најмногу благодарение на Бензема.

Французинот ја одигра една од своите најдобри партии сезонава во ЛШ, најпрвин израмни во 61 минута, а останатите два погодоци ги реализираше во 76 и 78 минута.

Уште една разочарувачка сезона за ПСЖ кој никако да стигне до европскиот врв, а во својот состав има големи звучни имиња како Нејмар, Меси, Мбапе, Верати, Донарума, Вајналдум, Икарди, Дракслер…

Во вториот меч на „Етихад“ стадионот без голови ремизираа Манчестер сити и Спортинг (0:0). „Граѓаните“ ја завршија задачата уште во првите 90 минути во Португалија кога славеа со убедливи 5:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Сања Ѓорѓева од „Dr. Goodnight“: Здравиот сон е најважен за човечкиот организам

Следно

Украински параолимпиец освои бронза само еден ден откако неговата куќа беше уништена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian