ВИДЕО | Ковачевски: Основната храна се ослободува од ДДВ, бензините поевтинуваат со намалената акциза

4 mins read

Се воведува ДДВ од 5 отсто за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен гас и метан, а се намалува и акцизата врз основа на берзанските цени, така што дизелот ќе се намали од 85,5 на 75 денари, а бензините од 91,5 денари ќе се намали на 85 денари

Пакетот мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите што го подготви Владата за ублажување на најголемата економска криза каква што не се памети а предизвикана од конфликтот во Украина, денеска беше претставен од  премиерот Димитар Ковачевски.

Растот на цените на храната и енергенсите нѐ засега и нас, и со цел заштита и поддршка на граѓаните и стопанството Ковачевски презентираше 26 мерки и апелираше за рационално користење и штедење на енергенсите, а јавноста ја увери дека стоковите резерви се полни и не недостасува ни храна ни нафта.

-Одржавме економски совет во кој учествуваа експерти од економскиот сектор. Усвоени се 26 мерки и препораки. Мерките за заштита на животниот стандард вклучуваат укинување на ДДВ за основни прехранбени производи, а се предвидува и замрзнување на маржата за основните производи за исхрана, рече Ковачевски.

Се укинува ДДВ од 5 отсто за основните прехранбени производи – леб, брашно тип 400, масло за јадење, јајца, шеќер, трајно млеко, свежо месо и ориз. Граѓаните од ранливите категории ќе добијат ваучери за исхрана од 1000 денари во рок од три месеци кои ќе моат да ги користат околу 35 илјади граѓани. Исто така, се укинуваат царините за увоз на основни прехранбени производи.

Во однос на енергенсите, Ковачевски соопшти дека е донесена одлука за продолжување на мерката 5 отсто повластена стапка на ДДВ за електричната енергија што ќе трае до декември, а за домаќинствата ќе има нова методологија за пресметување на пониска цена на електричната енергија. Тој најави дека 30 милиони денари ќе се користат за субвенционирање на купување и инсталација на фотонапонски панели за обновлива енергија до 4 киловати за сопствена потрошувачка на домаќинствата на градба на која има право на сопственост во износ не поголем од 62.000 денари или 30 отсто. Пензионерите ќе се субвенционираат со помош од 1000 денари, а до јуни месец ќе се субвенционираат домаќинствата и малите потрошувачи со повластена даночна стапка. Ќе се субвенционира и топлинската енергија во градот Скопје.

Во врска со нафтата и нафтените деривати, економскиот совет одлучил промената на цената на дериватите да се врши на дневна основа и со тоа да се избегнат големи ценовни промени од една до друга одлука.

Се воведува ДДВ од 5 отсто за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен гас и метан, а се намалува и акцизата врз основа на берзанските цени за 1, 2 и 4 денари по литар што граѓаните ќе го почувствуваат со пониска цена на горивата, така што дизелот ќе се намали од 85,5 на 75 денари, а бензините од 91,5 денари ќе се намалат за 11,5 денари и ќе изнесува 85 денари.

Владата ги повика општините да организираат ефикасен јавен превоз достапен за сите со цел граѓаните да можат да заштедат со намалување на користењето сопствен превоз.

Во врска со одржувањето на ликвидноста на компаниите, донесени се мерки за субвенционирано кредитирање преку Развојната банка и комерцијалните банки за обртни средства. Меѓу другите мерки, од обврската за ДДВ се ослободени увозниците за електрична енергија, топлинска енергија, енергија за ладење и гас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешниот репрезентативец Мајнов нов извршен директор на РК Бутел Скопје

Следно

Инспекторат на Град Скопје изрече три казни за јавна хигиена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian