ВИДЕО | Ед Ширан мораше да запее во судница за да докаже дека не го украл големиот хит

2 mins read

Британскиот музичар Ед Ширан (31) во вторникот се појавил на суд во Лондон за својот голем хит „Shape Of You“ од 2017 година. Тој беше тужен за авторски права од уметникот Семи Чокри, попознат под името Семи Свич, и неговиот музички продуцент Рос О’Доногју, кои тврдат дека некои стихови од песната на Ширан премногу потсетуваат на стиховите во нивната песна од 2015 година „Oh Why“. Британецот е обвинет дека го копирал делот Oh I, oh I, oh I од сингл на Семи Чокри.

Затоа, Ед Ширан го отпеал спорниот дел од неговата песна на судењето, а потоа и песната на Нина Симон „Feeling Good“ за да покаже дека ако таа пее две различни песни со ист тоналитет, нивните мелодии, сепак, можат да звучат слично.

Адвокатот на музичарот и на неговиот продуцент, Ендрју Сатклиф, рекол дека Шерин веројатно претходно ја слушнал песната и ја ископирал, а пејачот и неговите соработници го негирале тоа.

Адвокатот опширно го испрашувал наградуваниот пејач за процесот на пишување песни во октомври 2016 година со неговите коавтори Стивен МекКатчеон и Џон МекДејд. На суд се пуштале и снимките на кои Ширан пее во различни висини.

Шерин на суд изјавил и дека се повлекол од музичката сцена во 2016 година за да се фокусира на создавањето нова музика и дека не ја следи активно британската музичка сцена.

– Јас, Џони и Стив сме тука да го иссчистиме нашето име – рекол пејачот на суд каде што претходно рекол дека никогаш не слушнал за музичарот кој го тужи него како ниту неговата песна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина со нови вести од Чернобил – дефинитивно не се добри!

Следно

Вардар сака победа против Елверум за крај на групната фаза од ЛШ

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian