Украински параолимпиец освои бронза само еден ден откако неговата куќа беше уништена

1 min read

Украинскиот скијач Дмитро Сујарко имаше успешен настап на Параолимписките игри во Пекинг – ѝ донесе на својата земја два бронзени медали во параолимписки биатлон (еден од шест и еден на 10 километри) во конкуренција за натпреварувачи со оштетен вид.

Само ден пред да ги оствари своите одлични резултати, во руската агресија врз Украина уништена е куќата (во Чернигов) на овој спортист.

Во изјава за „USA Today“, Сујарко изјави дека неговите емоции се измешани.

– Среќен сум, но ја знаете ситуацијата во Украина. Потребна е многу тешка концентрација во биатлонот и промашив два пати бидејќи вчера мојата куќа во која живеам беше бомбардирана и уништена. Не можам да се радувам, само сакам мир во мојата земја – рече Сујарко.

Украина моментно е трета на листата на земји кои освоиле медали на Параолимпијадата во Пекинг – имаат вкупно 19 медали, од кои шест златни, а подобри од нив се само Кина и Канада.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Кралска“ вечер во Мадрид, Бензема со хет-трик го нокаутираше ПСЖ

Следно

Денес се празнува: Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian