Украина со нови вести од Чернобил – дефинитивно не се добри!

1 min read

Веќе речиси две недели истиот персонал без престан работи во нуклеарната централа Чернобил.

Имено 210 луѓе кои се грижат за радијацијата во централата од 24 февруари се уште се заробени во неа и не можат да си заминат дома, а притоа да дојде некој на замена на нивно место.

Украина вчера ја информираше и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за итната потреба да се сменат овие 210 лица кои со недели се грижат за безбедноста и нивото на радијација таму.

Персоналот веќе предолг период е на должност во Чернобил, а персоналот последен пат ротирал ден пред руската инвазија над поранешната нуклеарна централа.

Тие имаа ограничен пристап до храна и вода, но и лекови и ситуацијата таму се влошува.

Затоа Украина упати и молба до Меѓународната агенција за атомска енергија за помош да се смени персоналот во централата.

kurir.mk

Претходно

„Триумфалната порта“ во Скопје одбележува една деценија постоење

Следно

ВИДЕО | Ед Ширан мораше да запее во судница за да докаже дека не го украл големиот хит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian