„Слободен печат“: Колку е изложена македонската економија на санкциите?

3 mins read

Во утрешното печатено издание на „Слободен печат“ можете да прочитате

Владата се откажа од својот дел од колачот за да се спаси лебот. Премиерот објави пакет од 26 мерки вреден 400 милиони евра.

Колкава е изложеноста на македонската економија на санкциите? Од рускиот гас зависат педесетина наши компании и дел од струјата. Корисниците на гасот оценуваат дека од Русија стигнуваат смирувачки тонови во однос на снабдувањето и не очекуваат прекин на испораката. За цените, пак, велат дека немаме избор.

Одбор на Солидарниот фонд на пензионерите појаснува: Посмртнината е само времено намалена, 5.000 денари ќе бидат исплатени во јули! Пред пандемијата просечно умираа 1.200 пензионери месечно и  собраните пари од солидарниот фонд беа доволни за исплата на посмртната помош, но поради коронавирусот смртноста изнесува 1.800 пензионери месечно.

За нецела година сестрите Ејупи наплатиле повеќе од 17.000 евра:„Цицањето“ преку хонорари за партиски војници стана систем. Партиските војници што не сакале да добијат функција, се ангажираат со договор за дело и месечно заработуваат како да имаат две министерски плати. За жал, тоа стана дел од системот, вели професорот од Правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски.

Украина – Kиев попусто бара од сојузниците да го чуваат украинското небо: Зеленски обвинува: И Западот ќе биде одговорен за хуманитарната катастрофа. Русија користи проектили, авиони и хеликоптери против нас, против цивили, против нашите градови, против нашата инфраструктура. Светот има хуманитарна должност да интервенира, изјави Зеленски во дневното телевизиско обраќање.

Скопје – Петнаесет вработени во Општина Гази Баба остануваат без работа, примени 10 нови. Вработените на кои договорите за работа им истекуваат на 14 март, биле примени на работа за време на мандатот на претходниот градоначалник, а Општината не им ги продолжувала договорите со образложение дека имале финансиски проблеми.

Мозаик – Разговор со Ружица Милошеска – Брчиоска од „Ареа“: Корона-кризата ја изнедри духовноста во мене

Спорт – По пласманот на битолчани во нокаут-фазата на Европската лигаКизиќ: Главното за Еурофарм Пелистер допрва доаѓа. Младиот голман смета дека пелистерци дефинитивно имаат потенцијал да го поминат противникот во осминафиналето на ЕЛ, хрватскиот претставник Нексе. Главните предизвици за битолчани сезонава допрва следуваат, на европската сцена и во домашното првенство во битка за титулата, каде главен ривал е Вардар.

На зголемен број страници е и редовната рубрика Трибина со редовните колумнисти на „Слободен печат“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зошто се игнорира БК „Олимпија Штип“: Нисева наместо за Македонија, реди успеси во Бугарија!

Следно

Ограбени две повозрасни жени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian