Шолц: Берлин сигурно нема да испрати воени авиони во Украина

1 min read

Германија сигурно нема да испрати воени авиони во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, откако САД ја одбија понудата на Полска да ги префрлат своите авиони во американска база во Германија.

-Обезбедивме секаков вид одбранбен материјал и го испративме оружјето за кое ви кажавме, но, исто така, е точно дека мораме многу внимателно да размислиме што правиме, а воените авиони дефинитивно не се дел од тоа, рече Шолц на прес конференцијата со канадскиот премиер Џастин Трудо, пренесоа британските медиуми.

На прашањето дали Германија категорично се противи на забраната за увоз на руска енергија, Шолц рече дека неговата земја веќе неколку месеци работи на намалување на зависноста од увозот на фосилни горива.

-Има многу технички прашања што треба да се решат, рече германскиот канцелар.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Николовски: Српската забрана не важи за нас

Следно

Турција отфрла секаков „лов на вештерки“ против рускиот народ и култура, вели Ердоган

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian