Разговор со Сања Ѓорѓева од „Dr. Goodnight“: Здравиот сон е најважен за човечкиот организам

3 mins read

Спиењето е една од најфундаменталните и најосновни потреби на човекот. Ако човек не спие доволно, почнуваат да се случуваат ужасни работи со неговиот ум и тело.

Проблемот со спиењето е толку сериозен што Светската здравствена организација го опишала како „епидемија на недостаток од спиење“. Две третини од возрасните во развиените држави не ги добиваат потребните 8 часа сон. Оние кои можат да спијат навечер, не спијат доволно. Но со нашите зафатени животи, дали навистина сме ги заборавиле придобивките од спиењето? – прашува „Еспресо.мк“

– Кај повозрасните лица се соочуваме со подранет циркален ритам, оној кој ни помага да заспиеме навечер и да се разбудиме наутро, но кај возрасните самото тело им бара порано и порано заспивање. Се случува да заспиваат во 20 часот, а да станат во 4 наутро. Тука се јавува проблемот со неспиењето. – објаснува Сања Ѓорѓева, сертифициран тренер за спиење.

Стресниот начин на живот многу ретко нè остава да му се насладиме на мирниот сон. Најчесто не можеме да заспиеме порано и наутро недостатокот на сон не прави нерасположени и уморени. Тоа се одразува и на физичкиот изглед и на нашата психа.

– Сите го поминуваме поголемиот дел од својот живот спиејќи – една третина од него – но тоа не ни гарантира дека сме добри во добивање на квалитетен одмор, нели? Знаете, голем број фактори придонесуваат за квалитетот на нашиот сон, такви како физичките вежби и рутина пред спиење, но и изложеноста на дневна светлина. Како функционира нашиот биолошки часовник? Светлината инхибира производство на мелатонин – хормонот кој вашето тело го лачи е истиот тој кој ве прави поспани. Затоа е подобро да се изложите на големо количество светлина во текот на денот. – објаснува Сања.

За луѓето кои по спиењето, најчесто по пладневните дремки, не се чувствуваат одморено и наспано, туку имаат потреба од уште повеќе сон, познавачите велат дека тоа е резултат на неурамнотеженоста на циклусите на спиење.

– Ние можеме да спиеме и 8 часа, но ако тоа е неквалитетно спиење со чести будења, едноставно утрото повторно сме уморени. Потребно е да се научиме да направиме одреден ритам на телото кое ќе му одговара, да се потрудиме да си легнеме и да се разбудиме во приближно време. Создадете вечерна и утринска рутина, ограничете ги електронските уреди, не гледајте го часовникот нека не ве ограничува времето, јадете четири часа пред спиење, воспоставете ритуали пред спиење, создадете пријатна средина за спиење. Кога не спиеме доволно ноќе, природната реакција на телото е да надокнади преку ден, а тоа доведува до дремнување, затоа дремнете претпазливо. Ова се неколку промени кои би ви ги препорачала, без оглед на возраста и полот на личноста, овие навики можат да придонесат за подобрување на квалитетот на вашиот сон – објаснува Сања.

Повреќе научни истражувања потврдуваат дека во текот на 24 часа се неопходни квалитетен сон или најмалку 6ипол за човек да се чувствува наспано и одморено по будењето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Америка ја пофали Србија: Ја избравте вистинската страна, сега да ги спречите лажните вести

Следно

ВИДЕО: „Кралска“ вечер во Мадрид, Бензема со хет-трик го нокаутираше ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian