Петков свика вонредна седница на бугарскиот Совет за безбедност поради состојбата во Украина

1 min read

Бугарскиот премиер Кирил Петков одржа вонредна седница на Советот за безбедност, соопшти владината прес-служба.

На седницата се разговарало за состојбите во регионот на Источна Европа и на Балканот во врска со ризиците кои произлегуваат од војната во Украина, како и можните сценарија за развојот на ситуацијата.

Министерот за одбрана, Драгомир Заков, истакнал дека позицијата на Бугарија во НАТО мора да биде јасна и предвидлива и дека тоа е насоката во која работат бугарските институции.

Премиерот Петков, од своја страна, ги повикал безбедносните служби да продолжат да даваат оперативни информации.

Во бугарското Народно собрание министрите за одбрана Драгомир Заков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска учествуваа на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, на која била презентирана актуелна информација од бугарските служби за безбедност за конфликтот во Украина и ризиците и заканите што произлегуваат од него на регионален и глобален план.

Според министерот Заков, Бугарија го штити својот воздушен простор со своите ловци МиГ-29, така што земјата нема можност никому да дава авиони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Орбан: Унгарија зависи од руските енргенси и не може да се приклучи на забраната за увоз на нафта и гас

Следно

Неверојатно откритие: Мравки кои можат да „намирисаат“ рак

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните. За месец

MacedonianEnglishAlbanian