Пет лица нападнале чувар, му го оштетиле и автомобилот

1 min read

Пет лица нападнале чувар на простории на фирма. Тие освен што го нападнале него, му го оштетиле и неговиот автомобил. 

МВР известува дека:

На 08.03.2022 во 22.30 часот во Полициска станица Гази Баба, Р.В.(50) од Скопје пријавил дека околу 16.05 часот, додека извршувал работни задачи како чувар во правен субјект на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од А.Н., кој заедно со С.Н. и уште три лица со употреба на тврди предмети ја оштетиле чуварницата и неговото паркирано патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

skopjeinfo.mk

Претходно

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги признае економските мерки и да ги гласа во Собранието

Следно

Почина човекот на кого му беше трансплатирано срце од свиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian