„Една од препораките до министерствата и институциите е максимално да се рационализираат трошоците. Да не се набавува и троши сѐ што е неопходно“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „24 анализа“.
Тој додаде дека намалувањето на трошењето не се однесува само на службените возила, туку и на трошењата за репрезентација и службени патувања.
„Сите слободни средства од министерствата и јавните претпријатија се пренаменуваат за справување со енергетскат акриза. Мора да се одржи ликвидноста на сите компании во енергетскиот сектор“ рече Ковачевски.
Премиерот вели дека „не може да бараме од граѓаните да штедат, ако примерот не го дадат политичарите“.