Македонија падна за едно место на ФИБА светската ранг листа

1 min read

Машката сениорска репрезентација на Македонија моментно е на 53 позиција на светската рејтинг листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на февруарскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година.

Двата порази од селекцијата на Грузија во 3, односно 4. коло од квалификациите, условија Македонија да се спушти едно место подолу во светското рангирање.

А со вкупно 201,5 освоени поени, нашата најдобра селекција ја зазема 30 позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Двете победи над нашата најдобра селекција ја „качија“ селекцијата на Грузија на 36 место во светскиот, а на 18 во европскиот ранкинг.

Украина, со која треба да играме во следниот прозорец, остана на позицијата број 32 во светскиот и 16 во европскиот поредок на ФИБА. Актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија, со која ќе играме на 1 јули на гостински терен, е лидер во европскиот поредок. „Црвената фурија“ има 724 поени со кои е пред Франција, Словенија Србија и Литванија. Пред нив е само селекцијата на САД, која во овој момент има 763,4 поени во вкупниот рејтинг во машка конкуренција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Елена Атанасоска, дизајнерка на накит, шминкерка, декоратерка: Купувајќи парче накит, купувате парче душа

Следно

Пробно тестирање на четвртоодделенци во Шуто Оризари, некои ученици првпат работеа на компјутер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian