Лидерите на ЕУ поделени околу брзото членство на Украина

1 min read

Лидерите на Европската унија се поделени околу тоа дали Украина цврсто да ја стават на патот за членство, изјави денеска официјален претставник на Унијата, само еден ден пред шефовите на држави и влади на членките да разговараат за барањето на Киев за брзо приклучување, јавија британските медиуми.

Официјалниот претставник, кој е вклучен во подготовка на самитот на ЕУ во Версај и кој зборуваше под услов да остане анонимен, кажа дека сите лидери се за зајакнување на врските со Украина.

-Но, прашањето е дали тие ќе постигнат консензус за проширувањето, што понекогаш е понезгодно, рече претставникот на Унијата, пренесоа британските медиуми.

kurir.mk

Претходно

Инспекторат на Град Скопје изрече три казни за јавна хигиена

Следно

Дали ќе се врати во Монако: Принцезата Шарлин размислува за радикален потег!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian