Град Скопје: Ја повикуваме госпоѓата Јанчева да ги врати сите пари што ги потрошила од сметката на град Скопје за кафеани

1 min read

-Како град Скопје сакаме да реагираме на изјавата на госпоѓата Љубица Јанчева од СДСМ за празната каса на град Скопје. Госпоѓата Јанчева најдобро знае зошто е испразнета буџетската каса на Град Скопје. Ја повикуваме Јанчева ако навистина се грижи за градскиот буџет да ги врати сите средства потрошени на име угостителски услуги што таа лично ги потрошила на сметка на град Скопје, реагираат од Град Скопје на обвинувањата од Јанчева и велат дека од градот веќе е поднесена една кривична пријава за Јанчева за злоупотреба на градскиот буџет за оваа намена и очекуваат државните органи соодветно да постапат по истата.

-Град Скопје и оваа градска администрација работат исклучиво за потребите и барањата на граѓаните, а дополнително се кратат сите непродуктивни трошења со цел обезбедување на што е можно повеќе средства за нови проекти за Скопје и скопјани, порачаа од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести: Учениците ќе продолжат да носат маски

Следно

Уништен руски тенк со противтенковска ракета (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian