Диета со ананас: Ова тропско овошје прави чуда за вашето здравје!

2 mins read

Имаше еден виц во кој диетата со ананас одеше вака…

Јадеш секој ден сè што сакаш, освен ананас!

Но, да ја оставиме шегата настрана. Ананасот е едно од најполезните овошја од јужната група, особено за луѓе со АБ позитивна крвна група. Тој е природен детоксификатор, јакне коски и имунитет, а е добар и како дел од секојдневниот внес на витамин Ц.

Една шолја ананас дневно содржи околу 80 милиграми витамин Ц, што е и повеќе од дозволениот додаток за возрасни во еден ден. Сепак, тој е важен витамин затоа што поттикнува раст и зараснување на ранички, рани, игра улога во целокупниот систем и апсорпција на железото во крвта.

Поттикнува добро варење

Ананасот содржи бромелаин, кој претставува мешавина на ензими кои студиите покажале дека може да ја смали воспаленоста или отекувањето на носот при настинки, а помага и при зацелување рани, изгореници и егзема. Исто така е поврзан и со подобрување на дигестивниот тракт и историски се користел во земјите од Јужна Америка како лек за желудникот.

Полн е антиоксиданси

Според студиите објавени во јуни 2014, ананасот е голем извор на антиоксиданти, посебно фенолни киселини, флавоноиди и витамин Ц. Антиоксидантите се соединенија во храната кои помагаат против воспаленија и слободните радикали во телото.  Слободните радикали пак, се молекули кои можат да предизвикаат оштетување на ќелиите, и да предизвикаат низа здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви болести, Ајцхајмерова болест, дијабетес тип 2, и проблеми со очите. Конзумирање храна богата со антиоксиданси како што е ананасот, може да игра улога против овие ризици.

Може да се јаде во тек на диета

Премногу воспаленија во организмот можат да доведат до многу болести, вклучувајќи коронарна артерија, рак, Алцхајмер. За среќа, исхраната што е богата со анти-воспалителни намирници, како ананасот може да помогне во смалувањето на количината на воспаленија во организмот. Според студијата објавена во септември, 2016, ананасот е едно од најдобрите овошја кои можете да ги консумирате и за време на диета, затоа што го одржува чувството на ситост и помага во губењето килограми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мета побара од Владата да ги намали цените на горивата и економски пакет мерки

Следно

Вардар со победа над Елверум ги заврши настапите во групната фаза, следен предизвик е Веспрем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian