Вознемирувачки фотографии од евакуацијата во Ирпин

1 min read

Осум цивили загинаа денеска во гранатирање за време на евакуацијата на Ирпин, град недалеку од Киев, изјави градоначалникот на Ирпин, Олександр Маркушин.

Тој вели дека Русите отвориле оган додека цивилите се евакуирале преку мостот.

-Семејство почина. Две деца и двајца возрасни починаа пред моите очи. Ирпин не се предаде. Руските окупатори зазедоа дел од Ирпин, но другиот дел се бори и не се предаде“, рече Маркушин, додавајќи дека утре наутро ќе започне уште една евакуација на цивили.

Илјадници луѓе се обидуваат да избегаат од градот Ирпин, кој е на 25 километри од Киев. Украинските сили ги урнаа мостовите со цел да го запрат напредувањето на руските сили. Галерија од тоа како изгледа градот објави британскиот сајт Стандард.

Евакуацијата на населението оди преку селото Романивка до градот Киев, изјави шефот на регионот Олексеј Кулеба.

-Агресорот ја спречува евакуацијата на населението. Во рок од еден ден, оние кои успеаја да стигнат до собирното место самостојно излегоа од Ирпин. Сега областа се подготвува за голема евакуација и испорака на хуманитарна помош, изјави Кулеба.

kurir.mk

Претходно

Арсовски: Мора да ги следиме европските санкции кон Русија, па и на своја штета

Следно

Жена борец: Украинката која собори руски дрон со тегла зимница останува да се бори во Киев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian