Вооружени лица влегле во банка во центарот на Скопје, испукан е еден куршум

1 min read

Денеска напладне од експозитура на банка во центарот на Скопје вооружени лица одзеле пари од вработените, а едно од лицата отворило и оган, информираат од МВР за „360 степени“.

„На 08.3.2022 во 12:35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум“, велат од МВР.

Оттаму додаваат и дека нема повредени лица во инцидентот и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, а повеќе информации најавуваат за подоцна.

skopjeinfo.mk

Претходно

Џафери со честитка за 8 Март: Родовата еднаквост значи и одржлива иднина

Следно

Борел: Русија оди кон целосна изолација на своите граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian