Влада: МВР да предложи чаре – како Украинците со автомобили да влезат во земјава без зелен картон

1 min read

Владата соопшти дека на денешната редовна седница го задолжила Министерството за внатрешни работи за два дена да достави предлог со кој ќе се најде начин украинските патнички возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во земјава и да бидат вклучени во сообраќајот, без притоа да им се бара возачите кои управуваат со нив сами да го покријат надоместокот за осигурување.

-Владата го задолжи МВР, во координација со Министерството за финансии, а во соработка и со Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Здружението на осигурителните компании, во рок од два дена до Владата на Република Северна Македонија да достави соодветен предлог во насока на изнаоѓање на начин украинските патнички моторни возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во Република Северна Македонија и да бидат соодветно вклучени во сообраќајот, без притоа да се бара надоместокот да го покријат самите, информира владината прес-служба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФИФА ја исфрли Русија од баражот за СП во Катар

Следно

Каква боја бирате, таков карактер сте: Црвено бираат интензивни луѓе, бело мирни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian