ВИДЕО: Жени што кршат стереотипи, успешни во различни професии

2 mins read

Кајсторовска Катерина, Макфире Шаќири и Тргачевска Ангела се три млади жени кои долги години се успешни во нивните несекојдневни професии. Се соочуваат со предрасуди, приморани се да балансираат помеѓу работата и семејството, но тоа не ги спречило денеска да бидат пример за сите млади жени, да работат на остварување на соништата без да водат сметка  за машкиот свет во кој  живеат.

Катерина е капетан инструктор на Боинг 737. Таа на 15 годишна воздраст се запишала на пилотската Академија на ЈАТ – Југословенски авио транспорт.

– Уште на четири годишна воздраст изразив желба да летам, а веќе на 15 години се запишав на Академија за летање. Бев решена да го исполнам својот сон. Не беше лесно да се успее, се соочував со препреки, луѓето во моето опкружување беа полни со предрасуди и стереотипи, а  морав да направам и жртви во однос на приватниот живот, но сега сум успешен пилот, а во моата професија ќе бидеш успешен колку што си посветен, нема попуштања поради тоа што си жена, вели Катерина.

Макфире веќе 20 години е возач на автобус. Не и било лесно,  на почетоците на кариерата многу мал број жени биле возачи, а уште помалку возачи на автобус.

– Професијата е како и секоја друга, полна со одговорности, но јас ја сакам  мојата професија. Не беше едноставно да се одлучам  на овој чекор, но се охрабрив и ги срушив бариерите, вели Макфире, која цел живот е самохрана мајка на нејзиниот 18 годишен син.

Да се види жена на скутер не е невообичаено, но кога жена вози спортски мотор се уште по малку чудно, вели моторџиката Тргачевска Ангела, која од 2008 година вози спортски мотор.

– Моторот го користат за патувања, како превозно средство, за рекреација, буквално цело време. Не треба тоа да биде чудно, се што може да направи еден маж, може да го направи и секоја жена, само треба храброст и решителност. На сите жените, денеска на 8 Март ќе им  го порачам токму тоа, да не дозволат стереотипите да бидат пречка за остварување на нивните соништа и желби, вели Ангела.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Саудијците се вклучија во трката за купување на Челси

Следно

Во општина Кисела Вода потпишана Декларација за унапредување на женското претприемништво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian