ВИДЕО: Страшниот Баерн броеше до седум, Ливерпул го „преживеа“ Интер

2 mins read

Фудбалерите на Баерн Минхен се првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите откако вечерва на „Алијанц арената“ го растурија Лајпциг со убедливи 7:1 во натпревар на кој Роберт Левандовски постави нов рекорд во елитното натреварување.

Баварците вечерва го покажаа вистинското лице откако во првиот натпревар со голот на Кингсли Коман во 90 минута се спасија од пораз и одиграа само 1:1.
Дилемите околу победникот беа решени по само 23 минути игра кога Баер благодарение на трите гола на Левандовски, од кои два беа од пенал. До крајот на полувремето во листата на стрелци се запиша и Серж Гнабри.

Во 54 минута, Томас Милер зголеми на 5:0 по што Салцбург преку Кјаергард го постигнаа почесниот гол. Во финишот, Баерн со головите на Милер во 83 и на Лерој Сане го завери пласманот во четвртфиналето.

Ливерпул на „Енфилд“ загуби со 0:1 од Интер, но залихата од два гола од првиот натпревар го однесе во четвртфиналето со вкупен резултат 2:1.

Со поразот од Интер, Ливерпул ја прекина серијата на непобедливост на својот „Енфилд“ по точно една година, но навивачите ќе бидат задоволни со пласманот во следната рунда.
Во првото полувреме, „црвените“ ја контролираа играта, ги држеа напаѓачите на Интер, Лаутаро и Санчез подалеку од сопствениот гол со високата последна линија која изнуди четири офсајди на „неразурите“.

Двете најдобри шанси за гол во првиот дел ги имаше Ливерпул преку Матип кој ја погоди пречката и преку Ван Дајк чиј удар беше запрен од Шкринијар.

 

Во второто полувреме, Интер тргна на се или ништо и тоа му отвори на Ливерпул шанси да се заканува преку контранапади, а една таква шанса не реализира Мохамед Салах.
Интер во 67 минута поведе со голот на Лаутаро Мартинез по грешката на Матип.

Но, една минута подоцна, Алексис Санчез направи глупост со прекршокот над Фабињо за кој заработи втор жолт картон по што Интер остана со играч помалку.
Тоа ги уништи шансите на Интер за постигнување на втор гол, а Ливерпул во финишот уште еднаш ја погоди стативата и повторно шутираше Салах.
На крајот Ливерпул и покрај поразот, обезбеди пласман во четвртфиналето на ЛШ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Каква боја бирате, таков карактер сте: Црвено бираат интензивни луѓе, бело мирни

Следно

Вучиќ: Србија од четврток нема да извезува пченица, брашно, пченка и масло

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian