Видео: Менка Стојаноска и Билјана Денчовска се супер жените на Скопје!

1 min read

Менка Стојаноска и Билјана Денчовска се супер жените на Скопје. Како дел од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, тие со своите животни приказни ги рушат стереотипите! 

Хумани и храбри, жени вредни за почит, докажуваат кога ќе се пристапи со љубов и посветеност кон својата професија, не постојат бариери кои не можат да се надминат.

Билјана Денчовска е првата жена пожарникарка во Скопје и цела Македонија, на што вели дека е особено горда. 

-Професијата е хумана, и особено ризична. Станува збор за спасување на човечки животи, материјални добра..Јас тоа го сакам и го работам со љубов, рамо до рамо со моите колеги, вели Денчовска. 

-Беше многу случајно, ми дојде идеја дека сакам и можам да бидам пожарникарка, се пријавив, ги поминав физичките барања. Сакав да биде хумана професија, да придонесувам за доброто на луѓето, вели Стојановска.

skopjeinfo.mk

Претходно

Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на жените

Следно

„Шел“ привремено ја ограничува продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на одредени големи клиенти во Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian