Суеверијата и хороскопските знаци: Кој пали темјани, а кој бега од хотел со соба број 13?

8 mins read

Суеверијата се дел од нашите животи и од колективното несвесно. И без да знаеме ги дејствуваме, а некои од хороскопските знаци преминуваат граници во потрагата по космички баланс и жедта за информациите на утрешниот ден.

Овен

Сите тие суеверија и толкување на зрнца грав им се главно смешни, можеби телепатијата и телекинезата може да поминат, но – во филмовите. Иако не се суеверни, кога ќе им заѕвони левото уво, чекаат да им заѕвони телефонот, можеби да слушнат некоја добра вест или нежен глас. Бидејќи се знае кој е газда(рица) во куќата, кога ќе ја плеснат тупаницата по масата, внимавајте да не се истури солта, па да се скарате со саканата личност.

Бик

Сакаат да ја превртуваат шолјата кога пијат добро турско кафе, само колегата да им ја погледне љубовната ситуација. Читаат хороскопи, сакаат да се консултираат и со астролози и со нумеролози, а жена која гледа на тарот, сигурно ги запрепастила со сето она што го видела во минатото, а она што ги чека ќе биде одлично, ако се оствари. Кога ќе здогледаат црна мачка, го менуваат правецот на движење или преминуваат улица, а ако на истиот пат поминува оџачар, Бикот радосно ќе се фати за петличето.

Близнаци

Близнакот го прелистува весникот, додека со едното уво на ТВ ја слуша метеоролошката и биоритмичката прогноза. Најмалку верува во сите тие главно недокажани теории, освен ако некој не му докаже дека има простор за логика, во превод – заработка. Бара „далечинско“ за да ја смени програмата, а левата дланка го чеша. Што значеше тоа? Добивка! И тогаш нема да се почеша, само нека чеша, ќе издржи.

Голем неделен хороскоп (7-13 март): Раковите ќе ги водат партнерите, Водолиите ќе ги подобрат личните односи…

Рак

Не е дека се суеверни, но намерно закачуваат венец од босилек и лук и потковица над влезната врата, можеби соседот од карши нема повеќе да ги зјапа во ходникот. Повторно го сонувале истиот сон, зеле соновник и само ја отвориле на страницата каде што ја чуваат сувата детелина со четири листови. Ги затвораат сите прозорци, проверуваат рингла, бојлер, брави на вратите, никогаш не знаеш што може да се случи кога куќата е празна.

Лав

Не се суеверни, но сè уште тајно читаат литература од парапсихологија, а за алтернативната медицина веќе знаат сè. Не им фали ништо, па да чукаат на дрво, малку ги боли грбот, од седење е. Но, тогаш барем ќе седнат на велосипедот за вежбање додека гледаат низ прозорецот. И на прозорецот бубамара – ќе му дојдат гости, треба да се провери дали има пива и енергетски пијалоци во фрижидерот.

Девица

Ја сакаат психологијата, прават разлика меѓу чисто суеверие и парапсихологија, па ја голтаат литературата од тие области. Крст на ѓердан, бројаница, икони на светци, свиткана банкнота во таен џеб („бели пари за црни денови“) – да не ги бие малер. Не сака да отвора чадор во куќата, или да ги открива своите планови, „да не слушне животот“. Ако им дадете нож или запалка, тие веднаш, симболично, ви даваат ситни пари – за да нема кавга. А кога ќе видат паричка на улица, ако е „писмо“, ја земаат за среќа.

Вага

Вагата е рационална (смета дека тоа е затоа што нејзиниот знак е единствениот предмет, дури е и железна), но јасно ѝ е дека има нешто на „оваа и онаа страна“. Затоа, за секој случај, ќе го облечат тој тиркизен привезок, колку да не го урочат бидејќи се неодоливи. Завидливата колешка сака да дознае барем нешто за љубовниот живот на Вагата и кога оди на маникир, постојано ѝ гледа во ноктите, што значи дека некој веќе ја озборува. Вагите мудро молчат и се насмевнуваат.

Меркур влегува во знакот Риби: Поволен период за Скорпиите, но што ги очекува другите хороскопски знаци?

Скорпија

Не сака кога не знае на што е, а бидејќи љубовната ситуација ѝ е поважна, дури и од финансиската, Скорпијата посетува јасновидци и експерти за тарот, консултира астролози и нумеролози, се труди помалку да разговара со нив и да дознае повеќе за себе. Прво што е лошото, а со доброто некако ќе се снајде и самата. Мажите скорпии веќе се обезбедиле, преку црномуреста госпоѓа која погледнала во нивната дланка и набавила амајлија за заштита.

Стрелец

Стрелецот се проѕева додека ги гледа згодните девојки на велосипеди, а неговата придружничка на седиштето до него вели дека некој ѝ рекол дека ако зева, „зли духови“ ќе му влезат во устата. Или мува, во најдобар случај. На стрелецот му е смешно, но сепак ја затвора устата, иако не е суеверен, иако еднаш нашол потковица која ја чува дома, за среќа. Жената Стрелец веќе тајно му се обратила на „белиот волшебник“, но никому не кажува.

Јарец

Загрижен за она што го сонувал претходната ноќ, Јарецот размислува како (најдобро со некоја амајлија) да го заштити своето семејство, себе, миленичињата и милениците на соседот. Со денови се подготвувал за патувањето, но прво ставил чешне лук и во внатрешниот и во надворешниот џеб од куферот, што си е сигурно, си е сигурно. Чита сè што му доаѓа при рака и има врска со окултни теми, па кога нешто не му оди, иако е Јарец – не трча прв, туку си вели „кој знае зошто е тоа добро“.

Љубовен хороскоп за месец март: Девиците ќе доживеат будење, Рибите ќе ги залечат старите рани…

Водолија

Сака астрологија, нумерологија, читање на дланка, тарот и ангелски карти и чита сè што ќе ѝ дојде до рака за тајните друштва, масоните и двојните шпиони. Суеверна, но ни за леб, не би признала дека се плаши да не го скрши огледалото и дека ги заобиколува скалите или столбовите во форма на буквата „А“, за случајно да не помине под нив.

Риби

Не знае што попрво би конзумирала од богатата „окултна понуда“, бидејќи многу сонува и сака да ги толкува соништата со другарките, а дури кога таа сосетка од четврти кат ќе ѝ гледа на кафе, ќе ја слуша цела ноќ. Сепак, малку се попретпазливи кон јасновидците, но ја обожаваат астрологијата. Се случува да не сакаат ни да влезат во хотелот, ако добијат соба со број 13, а кога ќе ги облечат чорапите наопаку, остануваат во нив цел ден, поради малерот.

Какви се жените во брак: Лавиците се лојални, Вагите главни, а Раковите најнежни

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милановиќ: Во БиХ нема да дојде до ескалација што би се претворила во вооружен конфликт

Следно

Саудијците се вклучија во трката за купување на Челси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian